За еден месец се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ

t

За еден месец во земјава се регистрирани 11 нови случаи на ХИВ/СИДА – покажуваат податоците од месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) за движењето на акутните заразни заболувања. Според пријавеното, деветмина од заразените се мажи, а две жени. Пациентите се на возраст од 20 до 49 години.

„Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.06.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во С Македонија, за периодот од 1987 до 2026 година, изнесува 765 и тоа: 141 починато лице, 508 лица кои живеат со ХИВ/СИДА и 116 лица кои се водат како изгубени за следење (иселени)“се наведува во билтенот на ИЈЗ.

Од другите сексуално и крвно преносливи инфекции, во јули се пријавени седум случаи на сифилис, четири случаи на вирусен хепатитис Б и по еден случај со гонореја, инфекција со хламидија и вирусен хепатит Ц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евидентран прв случај на истовремен позитивен тест…

Евидентиран е првиот случај на истовремен позитивен…

„Модерна“ започна тестирање врз луѓе за вакцина…

Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе…