ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме со политики во интерес на граѓаните
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме со политики во интерес на граѓаните, соопштија од ВЛЕН.
– Цените и секојдневните трошоци се меѓу главните грижи на секое семејство. Затоа, заштитата на животниот стандард на граѓаните останува еден од нашите приоритети.
Годишната инфлација во јули се намали на 2,3 отсто. Тоа го покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Пред две години, кога ја презедовме одговорноста за раководење со институциите, годишната инфлација изнесуваше 4,5 отсто. Во јули годинава таа изнесува 2,3 отсто.
Секако, има уште работа за граѓаните повеќе да го почувствуваат ова подобрување. Но, пониската инфлација покажува дека состојбата се стабилизира.
Во текот на овој период беа преземени мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и за воведување повеќе ред на пазарот.
Продолжи спроведувањето на Законот за забрана на нефер трговски практики, со кој производителите и потрошувачите се заштитуваат од злоупотреби во трговијата со земјоделски и прехранбени производи. Намалената акциза на нафтените деривати, исто така, придонесе за пониски трошоци за граѓаните и компаниите.
Но, пониската инфлација е само еден дел од работата. На граѓаните им се потребни работни места, приходи и можности да напредуваат.
Токму затоа се спроведува Оперативниот план за вработување, со околу 40 милиони евра предвидени за вработување, самовработување, обуки и стручно оспособување.
Од една страна, се работи на поголема стабилност на цените, а од друга страна, се создаваат можности за работа, приходи и развој на бизнисите.
Не велиме дека сите проблеми се решени. Пред нас има уште многу работа. Ние ќе продолжиме да работиме за подобрувањето да се почувствува во секојдневниот живот и во буџетот на секое семејство, велат од ВЛЕН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…
ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти…
Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува…
ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…
Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…
ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…
ДУИ две години молчеше, а денес, кога…