Огнот во прилепско Чаниште проголта над 15 куќи и објекти, жителите стравуваат од повторно разгорување

t

Тажна е денеска глетката во селото Чаниште, Мариовско, по големиот пожар кој вчера зафати дел од селото и уништи повеќе од 15 куќи и други објекти.

Пожарот избувнал околу 13.30 часот надвор од селото, но за кратко време се проширил кон куќите. Во селото живеат околу десет жители, кои заедно со пожарникарите и останатите екипи се бореле да го спречат огнот да зафати и други објекти.

Ситуацијата била дополнително опасна поради неексплодираните гранати од Првата светска војна. Експлозии се слушале во текот на пожарот, и надвор и во близина на селото, што дополнително го отежнувало гаснењето и движењето на екипите на терен.

И денес продолжува интервенцијата на терен. Во гаснењето и спречувањето на ширењето на огнот учествуваат екипи на ТППЕ Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица од Прилеп, „Македонски шуми“, доброволни противпожарни друштва, како и голем број жители кои помагаат во справувањето со пожарот.

Од терен, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека општината обезбедила логистика, човечки ресурси, храна и вода за сите лица кои учествуваат во гаснењето.

Tој апелираше до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на зголемена опасност од пожари.

 „Да не се палат стрништа, ниви, отпад и сува вегетација, да не се остава оган без надзор и граѓаните да бидат крајно внимателни при секое движење и работење во природа – порача Проданоски.

Жителите на Чаниште, кои сè уште се во шок од вчерашниот пожар, стравуваат огнот повторно да не се разгори. И покрај големата материјална штета, за среќа, нема повредени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Азербејџан го забрани хиџабот во училиштата, ученичките…

Новите правила за училишни униформи во Азербејџан,…

Судот не му го врати пасошот на…

На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…

Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…

Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…

Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…

Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…