Објавено на:

Нема да има референдум за независност на Квебек се додека Трамп е претседател на САД

t

Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол Сен-Пјер Пламондон, денеска изјави дека ќе го одложи секој референдум за независност од Канада се додека Доналд Трамп е претседател на САД.

Пламондон, лидер на Партијата Квебек – која моментално е надвор од власт, но би можела да победи на следните избори во Квебек, што мора да се одржат најдоцна до 5 октомври – рече дека владата предводена од неговата партија сепак ќе распише референдум за време на својот прв мандат, но не пред 20 јануари 2029 година, кога завршува мандатот на Трамп.

Тој додаде дека прашање од толку голема важност како што е иднината на Квебек бара јасна и мирна дискусија.

„Не смее да биде киднапирано од виорот на американската политика, ниту од испадите на непредвидлив претседател, ниту од кампањите засновани на страв. Оваа непредвидливост на американската администрација ќе му наштети на нашиот процес, како и на квалитетот на дебатата за нашата иднина како нација“, рече Пламондон.

Сепаратистички расположенија се појавија и во Алберта, каде што гласачите на 19 октомври ќе одлучат дали провинцијата треба да преземе чекори кон одржување обврзувачки референдум за напуштање на Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…