Минималецот во Србија достигна 600 евра
Минималната плата во Србија ќе биде 600 евра, а одлуката ќе биде донесена на следната владина седница.
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали, по седницата на Социјално-економскиот совет изјави дека при утврдувањето на минималната цена на трудот се земаат предвид неколку параметри, меѓу кои растот на бруто-домашниот производ, состојбата на пазарот на трудот, инфлацијата и макроекономската стабилност на земјата.
Претставниците на Владата, работодавачите и синдикатите денеска не постигнаа консензус за минималната плата за следната година. Владата предложи минималната плата да се зголеми за 9,2 проценти, односно од 371 на 405 динари по работен час, што би изнесувало 70.470 динари (околу 600 евра) месечно според просечниот фонд на работни часови, пренесува Блиц.
Министерот рече дека таквата одлука, ако сè оди добро, ќе биде донесена веќе на следната седница на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…
Мерц повика на единство на владејачката коалиција…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…
Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…
Бразил во недела, на 25 октомври, избира…
Вашингтон барал од Маск да го вклучува…
Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…
Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…
Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…