(Видео) Пожар во хотел во Индија, бројот на загинати се искачи на 9
Најмалку девет лица загинаа, а шестмина се повредени во голем пожар што рано утрово избувна во хотел во центарот на Калкута, главниот град на индиската сојузна држава Западен Бенгал.
Огнот избувнал околу 1 часот и 45 минути, а на местото интервенирале пет противпожарни возила и полициски екипи. Густиот чад за кратко време ја исполнил целата зграда, поради што пожарникарите тешко стигнувале до луѓето кои останале заробени на повисоките катови. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола, но спасувачките екипи продолжуваат да проверуваат дали во објектот има уште луѓе.
Полицијата предупреди дека конечниот број на жртви би можел да биде поголем, додека причината за пожарот засега не е позната и е отворена истрага. Смртоносните пожари се релативно чести во Индија, а меѓу причините во претходни случаи биле неисправни електрични инсталации, експлозии на плински боци и непочитување на противпожарните прописи.
Ова е втор пожар со човечки жртви во Западен Бенгал за само неколку дена, откако во понеделникот во хотел во Тарапит загинаа најмалку седум лица.
Во декември минатата година, пак, најмалку 25 луѓе загинаа во пожар во ноќен клуб во индиската сојузна држава Гоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…