Војните и топлотните бранови ги кренаа цените на храната на светско ниво, предупредуваат економистите
Цените на лебот, тестенините и другите житни производи би можеле дополнително да пораснат поради комбинација од војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и екстремната топлина и суша што ги погодија европските посеви, предупредуваат економистите.
„Оксфорд Економикс“ проценува дека глобалните цени на храната би можеле да пораснат за 11,8 проценти во текот на 2026 година, а за дополнителни 4,8 проценти следната година.
Најголеми притисоци се очекуваат врз житарките, овошјето, зеленчукот и млечните производи.
Пченицата е особено изложена, чија цена во третиот квартал од оваа година би можела да биде за 36 проценти повисока од претходната година. Бидејќи пченицата е основна суровина за леб, тестенини, житарки за појадок и бисквити, зголемувањето на нејзината цена постепено би можело да се пренесе на потрошувачите.
Екстремните температури и сушата веќе ги намалија очекувањата за овогодишната европска жетва. Во јули, европското здружение на трговци со жито и маслодајни семиња „Коцерал“ ја намали прогнозата за вкупното производство на жито во Европската Унија и Велика Британија од 295,5 на 286,6 милиони тони. Минатата година беа собрани околу 310 милиони тони.
На пример, во Германија се очекува производството на жито да се намали за околу седум проценти по период на силна суша и топлотни бранови.
Во исто време, трошоците за производство на храна се погодени од геополитичките конфликти. Економистот на „Оксфорд економикс“, Томас Дворжак, рече дека најголемиот глобален притисок во моментов доаѓа од американско-иранската војна и нејзиното влијание врз цените на клучните инпути во производството на храна, првенствено дизел, природен гас и ѓубрива.
Дополнителен ризик е војната во Украина. Русија и Украина заедно сочинуваат нешто помалку од 30 проценти од светскиот извоз на пченица и повеќе од десет проценти од извозот на пченка.
Нападите врз пристаништата, терминалите и бродовите, како и прекините во извозот низ Црното и Азовското Море, би можеле да влијаат на околу 86 милиони тони годишен капацитет за извоз на жито, што одговара на речиси 17 проценти од глобалниот извоз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…