(Видео) Огнот кај Чаниште под контрола, ер-тракторите преземаат откако хеликоптерот ги распали искрите

t

Пожарот во Мариово се движи кон селото Крушевица, додека селото Чаниште засега е безбедно и надвор од опасност, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На терен се распоредени четири пинцгаури и противпожарни тимови кои го бранат овој крак. Гасењето од воздух со полициски хеликоптер е прекинато бидејќи силниот ветер и воздушните струења го распалуваат огнот, па операцијата ја продолжуваат ер-тракторите.

И покрај поставениот монтажен базен за полнење вода, употребата на полицискиот хеликоптер утрово се покажа како неефикасна и ризична. Ветарот и специфичните услови на теренот прават фрлањето вода од мала висина дополнително да ги распалува искрите, со што се создава спротивен ефект од планираниот.

Поради оваа причина, воздухопловната поддршка преминува целосно на ер-тракторите, додека копнените сили со четирите специјализирани возила „пинцгауер“ прават пресеки за да ја пресечат линијата на огнот.

Три манастири што се наоѓаат во зафатениот регион се целосно обезбедени со контролиран оган и заштитни појаси. Не постои директна опасност за овие верски објекти, ниту за блиските населени места.

Сите противпожарни екипи и лица кои учествуваат во акцијата се во добра здравствена состојба. Единствениот регистриран инцидент од претходниот ден е повреден работник кој управувал со багер, за кого се чекаат дополнителни медицински информации.

Гасењето пожари продолжува и во други регион од земјава. Кај Студеничани огнот е високо во планината и претежно чади, додека пожарот на територијата на Македонски Брод останува активен и под влијание на променливи временски услови.

Огнот во Мариово главно зафаќа трева, ретки грмушки и нискоквалитетна шума. Наглото засилување на ветрот го менува правецот на пламенот за неколку секунди, што ги принудува екипите да делуваат странично и со зголемена претпазливост. Надлежните упатуваат апел до сите граѓани за максимална внимателност, бидејќи и најмала искра на овој терен предизвикува сериозна катастрофа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнот кај Чаниште под контрола, ер-тракторите…

Пожарот во Мариово се движи кон селото…

Иран со остро предупредување до земјите од…

Иран ги предупреди земјите од Заливот да…

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила…

Божиновска: Македонија се позиционира како енергетски центар…

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,…

ВРЕДИ: Ахмети игра двојна игра, преку Артан…

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна…