Трамп врши притисок: Сака есенва да се сретне со Ким Џонг Ун
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз своите соработници да му организираат нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун уште оваа есен, објавува „Волстрит џурнал“. Според весникот, повикувајќи се на американски претставници, Трамп во приватни разговори ја разгледувал можноста лично да се сретне со Ким за време на неговото следно патување во Азија. Средбата би можела да се одржи во ноември, во периодот кога светските лидери ќе се соберат на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Шенжен, Кина, објави „Волстрит џурнал“.
Според извештајот, засега не се водат формални подготовки за средба меѓу Трамп и Ким. Сепак, интересот на американскиот претседател за нов самит укажува на обновен обид за воспоставување непосреден дијалог со севернокорејскиот лидер. Двајцата се сретнаа трипати за време на првиот претседателски мандат на Трамп.
Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп и Ким ќе се сретнат „кога ќе дојде соодветното време“. Севернокорејската мисија при Обединетите нации не одговорила веднаш на барањето за коментар.
Трамп вчера изјави дека севернокорејскиот лидер одговорил на неговото барање за разговор, отфрлајќи ја констатацијата на новинар дека Пјонгјанг не му одговорил.
— Ким Џонг Ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит. Се сретнавме во повеќе наврати, всушност имавме две главни средби, разговаравме и поминавме време заедно. Јас го разбирам него, а тој ме разбира мене — рече Трамп.
Неговата изјава следуваше еден ден откако му нареди на Пентагон „значително да го намали“ обемот на планираните заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Како причини ги наведе трошоците за вежбите и својот однос со севернокорејскиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп врши притисок: Сака есенва да се…
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз…
(Видео) Огнот кај Чаниште под контрола, ер-тракторите…
Пожарот во Мариово се движи кон селото…
Иран со остро предупредување до земјите од…
Иран ги предупреди земјите од Заливот да…
Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила…
Божиновска: Македонија се позиционира како енергетски центар…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,…