Рацете на политиката подалеку од образованието, машите млади заслужуваат квалитетно образование, порача Јаневска

t

„Рацете на политиката подалеку од образованието“ – порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, оценувајќи дека усвојувањето на трите закони од областа на високото образование, кои се во собраниска процедура, е клучно за подобрување на квалитетот на универзитетското образование во земјава.

Јаневска, одговарајќи на прашање за најновата Шангајска листа на која годинава не се најде ниту еден македонски универзитет, рече дека не очекува драстични промени во краток период.

Според неа, трите законски решенија треба во наредниот период да придонесат за подобрување на квалитетот на високото образование и за исполнување на повеќе индикатори кои се земаат предвид при меѓународното рангирање на универзитетите.

 – Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони, да има некакво драстично придвижување на Шангајската листа – рече Јаневска.

Таа очекува законите, доколку бидат донесени, да создадат услови за подобрување на позициите на македонските високообразовни институции не само на Шангајската листа, туку и на другите меѓународни листи за рангирање.

Министерката беше прашана и што ќе се случи доколку законите останат блокирани во Собранието.

Јаневска порача дека образованието не смее да биде предмет на политички пресметки и дека мешањето на политиката во образовниот систем може да предизвика штета за сите.

 – Кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. Несоодветните информации што се пласираат заради политички поени или придобивање ‘лајкови’ прават штета на образовниот систем и го оневозможуваат квалитетното образование – истакна таа.

Според Јаневска, Министерството за образование и наука досега разговарало со академската заедница за предложените законски решенија, додека од политичките субјекти, како што рече, не биле доставени конкретни забелешки или предлози.

Таа посочи дека Собранието е местото каде што треба да се соочат аргументите и да се разгледаат евентуалните забелешки на предложените законски одредби.

 – Парламентот е местото каде што ќе се соочиме со сите аргументи. Ако постојат забелешки на одредени законски одредби, таму ќе се разговара за нив – рече Јаневска.

Министерката уште еднаш упати порака политиката да не се меша во образованието, нагласувајќи дека подобрувањето на квалитетот на високото образование е во интерес на студентите и на целото општество.

 – Нашите млади заслужуваат квалитетно образование, а со донесувањето на овие закони ќе го подигнеме квалитетот на високото образование, што е директно поврзано и со меѓународните рангирања на универзитетите – порача Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рацете на политиката подалеку од образованието, машите…

„Рацете на политиката подалеку од образованието“ –…

Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата…

Цената на електричната енергија останува едно од…

Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…

На денешната прес конференција, министерот за здравство…

(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…

Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…

Чешка нуди помош за решавање на спорот…

Чешка е подготвена да помогне во барањето…