Романија би можела да го воведе еврото во 2032 година
Романија би можела да го усвои еврото околу 2032 година, доколку успее да спроведе неопходна фискална консолидација, да усвои долгорочен план за економски развој и да обезбеди политичка стабилност, изјави привремениот министер за инвестиции Драгoш Пушлару.
Според него, следните години треба да се искористат за стабилизирање на јавните финансии и исполнување на критериумите за влез во еврозоната. Меѓу клучните показатели се буџетскиот дефицит, јавниот долг и напредокот во фискалната консолидација.
Целта е до 2030 година финансиската состојба на земјата значително да се подобри. Доколку корекцијата на јавните финансии биде успешна, биде усвоен соодветен план за економски раст и се задржи политичката стабилност, Романија би можела да ги исполни критериумите за членство во еврозоната токму во 2030 година.
Сепак, според Пушлару, самото воведување на еврото би можело да се случи околу 2032 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РОМАНИЈА ГИ ПОДИГНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ Ф-16! Соборени…
Романски воени пилоти собориле две беспилотни летала…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Тикток-предизвик довел до трагедија во Романија: Момчиња…
Двајца тинејџери загинаа во тешка сообраќајна несреќа…