Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ откако вечерва на домашен терен ја совладаа Војводина со 29:19. Ова всушност е двојна победа за победникот на Европскиот ЕХФ куп бидејќи истиот натпревар е и дел од Регионалната лига.
Но, за пласман во финалето охриѓани ќе треба да бидат поуспешни од хрватскиот првак бидејќи двете екипи имаат по две победи, а меѓусебниот дуел го играат во петок.
Најзаслужен за денешната победа беше голманот Дино Славиќ, кој имаше 15 одбрани.
Во првиот натпревар од денешната програма Загреб ја совлада репрезентацијата на Египет до 20 години со 38:28.
Утре (четврток) на програмата се нови три натпревари: Војводина – Египет М20 (почеток 16:30 часот); Олимпијакос – Тримо Требње (почеток 18:45 часот) и Вардар – Нексе (почеток 21 часот).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојна победа за Охрид против Војводина
Ракометарите на Охрид ја постигнаа и втората…
Македонија во Таранто со 90 спортисти ќе…
Македонија оди со рекордна делегација на Медитеранските…
(Видео) Македонија го има еден од петте…
Цепелинот на нашите ракометари против Франција се…
Сребрен медал и два национални рекорда на…
Македонските репрезентативци освоија сребрен медал и поставија…
Ристовски: Над 153 милиони денари нови инвестиции…
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска заедно…