80 години од формирањето на Сојузот на синдикати на Македонија

t

Одбележуваме 80 години од создавањето на една идеја, одбележуваме 80 години ССМ, 80 години борба, 80 години солидарност, 80 години – глас на работниците.

Одбележуваме 80 години од создавањето на една идеја, идеја дека работникот не смее да биде сам.

Идеја дека човекот кој создава вредност со својот труд мора да има право на достоинствен живот.

Идеја дека платата не е милостина, дека работничкото право не е привилегија и дека социјалната правда не е подарок од никого.

Таа идеја пред 80 години доби свое организирано име – Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија.

Првиот Конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија со тогашен назив Единствени синдикати на работниците и намештниците на Македонија се одржал на 18-21 август 1946 година во парк во Скопје, Македонија, во време кога работничката класа водела успешна борба за обнова на од војна опустошената земја.

Првиот слободен синдикален Конгрес на работниците во Македонија, покрај своето мобилизациско значење, значително допринел и за понатамошното организациско зацврстување и оспособување на синдикатите за изградба на земјата.

Со гордост денес, ССМ е најзначаен дел од синдикалната историја, а активноста на ССМ континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денес ги обединува и застапува зедничките општествени,економски и социјални интереси на членството и работниците, а во ССМ се здружени 18 синдикати на повисоко ниво ( Грански синдикати), синдикати-членки и тоа: Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат); Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ); Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП); Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ); Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ; Синдикат на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ); Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР); Синдикат на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ); Синдикат на хемија, неметали и метали на Македонија (СХНМ); Македонски полициски синдикат (МПС); Синдикат на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ); Синдикат на работниците од трговија на РМ (СРТ); Синдикат за слобоно дејствување на Македонија (ССДМ); Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ); Синдикат на поштенски и телекомуникациски оператори на Македонија (СПТОМ); Синдикат на медиумска информативна агенција – (СМИА); Независен синдикат за образование и наука (НСОН); Синдикат на културата на Р.Македонија (СКРМ);

Сојузот на синдикатите на Македонија е единствениот потписник на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и Општиот колективен договор за јавен сектор, а преку Општите колективни договори обезбедува и уредува поповолни права за сите работници во приватниот и јавниот сектор, додека синдикатите здружени во ССМ имаат склучено 13 колективни договори на ниво на оддел или група (грански колективни договори).

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2011 година е полноправен член на Меѓународната конфедерација на синдикатите (ITUC), на Регионалниот синдикален совет СОЛИДАРНОСТ и на Паневропскиот регионален совет на синдикатите од Југоисточна Европа (ITUC-PERK), а од 2015 година е полноправен член на Европската конфедерација на синдикатите (ETUC).

Одбележуваме 80 години борба за секој работник, за секое работничко семејство, за достоинството на трудот, за социјалната правда и за иднината.

Да живее работникот!

Да живее синдикалната солидарност!

Да живее Сојузот на синдикатите на Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

80 години од формирањето на Сојузот на…

Одбележуваме 80 години од создавањето на една…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Македонија меѓу земјите со најсериозни прекршувања…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти…