Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека вовел неколку нови пакети санкции против Русија, кои се насочени кон соработниците на руските власти на привремено окупираните територии на Украина, како и против поранешни украински функционери кои сега се во Европа, но сè уште одржуваат врски со Русија.
– Денес потпишав декрети за нови санкции, неколку пакети. Против рускиот воен комплекс и против оние кои, на еден или друг начин, станаа дел од рускиот начин на живот и одржуваат врски со таа држава и покрај оваа војна, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува Укринформ.
Зеленски додаде дека Украина ќе продолжи со санкциите и дека нејзините рестриктивни мерки ќе бидат координирани со санкциите на земјите партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…