МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за нормализиран
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на Граничниот премин Табановце, по големиот број на турканици за плаќање на казните од „Сејф сити“.
– Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.
Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци.
Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.
Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце.
Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини, известуваат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…
Претреси на повеќе локации во Тетово и…
На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово…
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…
За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865…
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани…
Македонката Бојана Пешевска, која е обвинета во…
Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска,…