Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово а службените кучиња детектирале дрога во импровизирана работилница за пакување каде на лице место биле фатени двајца тинејџери од по 16 години и еден помлад малолетник.
-На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица – Л.С.(19) и двајца 16 – годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода.
По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Тетово.
Неодамна од полицијата објавија дека минатата година шест пати била откриена дрога во основните и средни училишта во Тетово и најавија ажурност во откривање на кривичните дела кај малолетниците, а од општината едукација на децата.
(П.А)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деца од Тетово пакувале дрога во работилница
Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово…
Огнен фронт низ Македонија: 11 пожари се…
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17…
МВР го прогласи сообраќајот на Табановце за…
МВР известува дека е нормализиран сообраќајот на…
Претреси на повеќе локации во Тетово и…
На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово…
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…