Шведската полиција ги истражува онлајн заедниците по нападот со меч во училиште
Шведската полиција истражува дали 18-годишното момче, кое во петокот (21 август) со меч нападна ученици во шведско средно училиште, при што едно лице загина, билo вклученo во онлајн заедници кои промовираат насилство во училиштата, изјави полициски извор – објави новинската агенција Ројтерс.
Напаѓачот нападнал училиште во централниот шведски град Фагерста, при што тешко повредил и две момчиња, пред да биде уапсен од полицијата. Родителите на 17-годишна девојка за локалниот весник „Фагерста-Постен“ изјавија дека нивната ќерка загинала во нападот.
Округот Вестманланд, каде што се наоѓа градот, соопшти дека двете тешко повредени момчиња имаат 12 и 17 години, пишува американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП).
Шведската новинска агенција ТТ објави дека третото лице, исто така помладо од 18 години, се здобило со полесни повреди и било пуштено од болница.
Во саботата наутро, околу 70 луѓе се собраа на местото за оддавање почит што го уреди општината, носејќи цвеќе и палејќи свеќи, објави ТТ, но нема официјални информации за можниот мотив на напаѓачот.
Шведската национална полиција соопшти дека истражителите веќе извршиле два претреса на домови во врска со осомничениот. Се очекува да бидат сослушани голем број сведоци во рамките на истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведската полиција ги истражува онлајн заедниците по…
Шведската полиција истражува дали 18-годишното момче, кое…
Од утре забрана за движење на Халкидики:…
Поради зголемен ризик од избувнување шумски пожари,…
Трамп најави економски „Ден Д“ против Иран,…
Администрацијата на Доналд Трамп најави нова фаза…
ДУИ: Партијата Алтернатива сè уште фигурира како…
Партијата Алтернатива сè уште фигурира како активен…
Од Скопје и Охрид до нови европски…
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, изјави дека…