Петнаесет пожари беснеат низ Македонија: За 24 часа горело на 24 места

t

На ден 22.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои 15 се активни, 1 е под контрола, а 8 се изгаснати.

Активни пожари – 15:
Општините Студеничани и Зелениково: на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, гори мешана шума.
Општина Студеничани: кај село Цветово, на стариот пат кон Елово, гори ниска вегетација и ниска шума.
Општина Сарај: кај село Горна Матка и село Семениште, гори ниска вегетација.
Општина Кисела Вода: кај бензинската пумпа „Макпетрол“ – Драчево, на патот кон Китка, гори ниска вегетација и ниска шума.
Општина Македонски Брод: во месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица, гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
Општина Кичево: во атарот на село Тајмиште, во месноста Дарда, гори високостеблеста букова шума.
Општина Врапчиште: кај село Ломница и село Ѓурѓевиште, гори мешана шума.
Општина Маврово и Ростуше: кај село Церово, гори ниска вегетација и нискостеблести растенија.
Општина Желино: кај село Церово, гори ниска вегетација и папрат.
Општина Тетово: кај село Бродец, гори шума.
Општина Прилеп: кај село Бонце, гори ниска вегетација и нискостеблести растенија.
Општина Прилеп: кај село Мажунчиште, гори ниска вегетација.
Општина Прилеп: кај село Мало Коњари, гори ниска вегетација.
Општина Прилеп: во близина на „Орион Инженеринг“, гори ниска вегетација.
Општините Струмица и Василово: кај село Водоча, село Баница, село Софила, како и во селата Ангелци и Градашорци во општина Василово, гори стрниште и ниска вегетација.

Пожар под контрола – 1:
Општина Прилеп: кај село Чаниште, со краци кон село Крушевица, село Лопатица, село Дуње и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација.

Изгаснати пожари – 8:
Општина Крушево: кај село Белушино, пожарот повторно се активирал, додека кај село Јакреново е ставен под контрола. Зафатени се ниска вегетација и дабова шума.
Општина Битола: во близина на село Кажани, кон село Доленци, ниска вегетација.
Општина Делчево: пожарот на депонијата во Делчево е изгаснат.
Општина Штип: кај градските гробишта, ниска вегетација.
Општина Струга: кај село Велешта, стрниште.
Општина Липково: кај село Никуштак, ниска вегетација и шума.
Општина Куманово: во месноста Стари Лозја, ниска вегетација и ѓубре.
Општина Валандово: во месноста Мерата, овоштарник со вишни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петнаесет пожари беснеат низ Македонија: За 24…

На ден 22.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Шумските пожари низ Европа откриваат нова опасност:…

Големите пожари и суши што ја погодија…

Како Шведка и Финска ја поместиле границата…

Замислете да изградите куќа и потоа да…

Пожар во семејна куќа во Велес, пожарникарите…

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила…

Пет тинејџери загинаа во Ирска: И тие…

Пет момчиња на возраст од 15 до…