Следната недела мало заладување: Температури од 37 до 39 степени и услови за пороен дожд
Од понеделник дневната температура ќе почнат да опаѓаат, информира УХМР.
Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.
Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени.
Утре , пак, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови, утре наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.
Максималната дневна температура ќе достигне до 40 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крупиште и Уларци се сеќаваат на крвавиот…
-Четириесет и девет момчиња и мажи на…
Зошто дизелот е сè поскап од бензинот?
Прекините во снабдувањето, намалените залихи и силната…
Нафтата повторно подгрева страв од инфација: Брент…
Брент се тргува со околу 106,3 долари…
Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“
Со изведување докази предложени од одбраната денеска…
„На нашиот нов и прекрасен остров“: Трамп…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…