Објавено на:

Медведев со порака: „Русија ќе продолжи да зазема територии“

t

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Русија ќе продолжи да зазема територии во Украина во рамки на воената операција.

„Убеден сум дека во Русија повторно ќе се освојуваат сè повеќе територии, а нашата храбра армија постојано го потврдува тоа“, изјави Медведев на конгресот на Единствена Русија, пренесува РБК.

Според него, околу 20 отсто од територијата која, како што наведе, „случајно завршила“ во Украина, веќе „исчезнала“, како и „половина од населението“.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека руските сили ја задржуваат стратешката предност и напредуваат на сите делови од фронтот. Путин во јуни изјави дека Украина „губи територија по територија“, додека Москва претходно соопшти дека Донбас и Новорусија ги смета за историски руски територии.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека територијалните прашања меѓу Русија и Украина се „прашање на километри“.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија и порача дека предавањето на Донбас не доаѓа предвид поради стратешките ризици за Украина.

Путин како еден од условите за мир го наведе повлекувањето на украинските сили од Доњецката, Луганската, Херсонската и Запорошката област. Русија по референдумите во 2022 година прогласи нивно припојување кон Руската Федерација, но Украина и најголемиот дел од меѓународната заедница не ги признаваат тие територијални претензии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Драма во Црното Море: 11 морнари исчезнати…

Единаесет морнари се водат како исчезнати по…

Европската комисија предупредува на исклучително тешка зима:…

Европската Унија се подготвува за исклучително тешка…

Нов скандал ја тресе Бугарија: Радев од…

Бугарскиот премиер Румен Радев побара од директорот…

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија…

Се повеќе е евидентна тезата која веќе…