Осум пожари беснеат низ Македонија, за 24 часа горело на дури 31 место
На ден 22/23.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 8 се активни, а 23 се изгаснати.
Активни пожари – 8:
Општина Прилеп: с. Бонче (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале во Општина Зелениково (мешана шума).
Општина Студеничани: с. Цветово – стариот пат кон Елово (ниска вегетација и ниска шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума).
Општина Врапчиште: с. Ломница и с. Ѓурѓевиште (мешана шума).
Општина Маврово и Ростуше: с. Церово (ниска вегетација и нискостеблести растенија).
Општина Желино: с. Церово (ниска вегетација и папрат).
Изгаснати пожари – 23:
Општина Крушево: с. Белушино и с. Јакреново (ниска вегетација и дабова шума).
Општина Битола: во близина на с. Кажани кон с. Доленци (ниска вегетација).
Општина Делчево: депонија Делчево (депонија).
Општина Штип: градските гробишта (ниска вегетација).
Општина Штип: ул. Крушевска Република (ниска вегетација и бандера).
Општина Струга: с. Велешта (стрниште).
Општина Струга: с. Подгорци (ниска вегетација).
Општина Вевчани: с. Вевчани (ниска вегетација).
Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и шума).
Општина Куманово: м.в. Стари Лозја (ниска вегетација и ѓубре).
Општина Валандово: м.в. Мерата (овоштарник – вишни).
Општина Сарај: с. Горно Семениште (ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Општина Студеничани: патот за Китка (ниска вегетација и ниска шума).
Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација).
Општина Тетово: с. Бродец (мешана шума).
Општина Чучер Сандево: с. Бањани (ниска вегетација).
Општина Карпош: ул. Скупи бб (ѓубриште).
Општините Струмица и Василово: с. Водоча, с. Баница, с. Софилар и селата Ангелци и Градашорци во Општина Василово (ниска вегетација и стрниште).
Општина Прилеп: с. Мажунчиште (ниска вегетација).
Општина Прилеп: с. Мало Коњари (ниска вегетација).
Општина Прилеп: во близина на „Орион Инженеринг“ (ниска вегетација).
Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација).
Општина Гостивар: с. Теново (ниска вегетација и две стари куќи).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум пожари беснеат низ Македонија, за 24…
На ден 22/23.08.2026 година, до 07:30 часот,…
Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…
Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…
Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…
Припадници на Министерството за внатрешни работи на…
Полски аплинист падна во недостапен предел на…
Голема спасувачка операција започна денес откако полски…
Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…
Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…