Објавено на:

(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани, навреди, вулгарно и агресивно однесување од Шкендија Арачиново

t

На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно исправни одлуки, кои по извршените проверки согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, правилно беа потврдени и од ВАР судиите.

Во 43. минута од натпреварот, напаѓачот на домашната екипа со број 30, при продор во казнениот простор на гостинската екипа, се наоѓа свртен со грб кон противничкиот гол и без целосна контрола над топката. Свесен за присуството на одбранбениот играч со број 16, напаѓачот го користи минималниот контакт, го преувеличува неговото влијание и се обидува да изнуди казнен удар. Главниот судија се наоѓа во непосредна близина, има јасен агол на гледање и целосна контрола над ситуацијата, поради што правилно проценува дека контактот не претставува прекршок за казнен удар и дозволува играта да продолжи. По извршената ВАР проверка, согласно протоколот и критериумите за интервенција, правилно е утврдено дека одлуката на главниот судија не претставува јасна и очигледна грешка. Поради тоа, нема ниту основа за ВАР интервенција, а првичната одлука целосно оправдано останува во сила.

Втората предизвикувачка ситуација се случува во 82. минута, во страничниот дел од казнениот простор на гостинската екипа. По упатена топка од страна пред голот, одбранбениот играч со број 16 се обидува да го блокира нејзиниот правец на движење со природно фудбалско движење на телото. Топката ја погодува раката на играчот која се наоѓа во природна положба, блиску до телото и не го прави неговото тело неприродно поголемо. Играчот не ја движи раката кон топката, ниту постои дејство што согласно Правилата на фудбалската игра, би се сметало за казниво играње со рака. Главниот судија и во оваа ситуација правилно проценува дека нема прекршок за казнен удар. По спроведената ВАР проверка, согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, неговата одлука е правилно потврдена.

Фудбалската федерација на Македонија нагласува дека овие две судиски ситуации, како и која било друга одлука донесена за време на еден натпревар, не можат и не смеат да претставуваат оправдување или алиби за неспортско, некоректно, вулгарно, агресивно или какво било друго недозволиво однесување.


Особено се неприфатливи физичките постапки насочени кон противничките играчи и претставниците на гостинската екипа, како и навредите, заканите и вербалните напади кон судиите и другите службени лица. Истовремено, констатирани се и сериозни организациски пропусти. Ваквото постапување е спротивно на правилниците и пропозициите и не смее и нема да биде толерирано.

За сите настани ќе бидат разгледани извештаите на службените лица, по што надлежните органи на ФФМ ќе постапат строго, формално и во целост согласно важечките правилници.

Одговорноста за ваквото однесување не може да се релативизира, ниту да се префрла врз судиите преку оспорување на правилно донесени одлуки. Секој резултат, вклучително и секој пораз, треба објективно да се анализира и спортски и достоинствено да се прифати. Тоа особено се очекува од претставниците на клубовите и од играчите, кои со своето однесување имаат дополнителна одговорност да го заштитат интегритетот на натпреварувањето и угледот на македонскиот фудбал.

ФФМ била и ќе остане целосно транспарентна во однос на стручната анализа и исправноста на клучните судиски одлуки. Оттука, упатуваме отворена покана до овластен претставник на управата на ФК Шкендија Арачиново да го посети ВАР центарот на ФФМ, каде што ќе му бидат презентирани и стручно образложени двете ситуации врз основа на Правилата на фудбалската игра, ВАР протоколот и официјалните критериуми за судиска проценка и интервенција.

Фактите и правилата се единствената релевантна основа за оценување на судиските одлуки, а не емоциите, притисоците или субјективните толкувања предизвикани од конечниот резултат.

Видео материјалите можете да ги погледнете на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ФФМ: Недозволиво е да има закани,…

На натпреварот од четвртото коло на Првата…

Јужнокорејски брод ја тестира арктичката поморска рута…

Јужнокорејски трговски брод натоварен со контејнери синоќа…

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад…

Италија во догледно време нема да прифаќа…

Електрана во Велика Британија не работи четири…

Електрана во Велика Британија беше не работи…

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…