Левица го прифаќа предизвикот на Мицкоски за предвремени избори: Единствени сме кои можеме да ги мобилизираме сите кои сакаат поинакво владеење од досегашното

t

Левица прифаќа, подготвена е и повикува на предвремени парламентарни избори – изјави за ТВ Сител пратеникот од оваа партија Амар Мециновиќ.

– Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме општество кое е поинаку замислено од ова што може политичките сили кои досега владееле, да ни го пружат. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и во урбаните средини.

Сметаме дека веќе ширум целата територија на Република Македонија имаме консолидирани гласови во изминатите пет години и не очекуваме никакви негативни осцилации. Напротив, очекуваме позитивни осцилации и дека во Скопје трендот кој го забележавме на локални избори ќе продолжи – истакна Мециновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…

Бугарија денес избира претседател. Право на глас…

Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…

Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…