Собранието плаќа мамографии за пратеничките на приватно, а има и приватно осигурување за државните службеници – додека граѓаните чекаат во јавното здравство

t

Пратеничките и дел од вработените во државните институции добиваат можност за приватни здравствени услуги на товар на институциите, додека граѓаните кои се лекуваат во јавниот здравствен систем често се соочуваат со долгото чекање за прегледи и термини.

Како што објави СДК.МК, Собранието во пакетот за систематски прегледи за пратениците и вработените ја вклучило и услугата за мамографски преглед на дојки. Оваа услуга ќе можат да ја користат пратеничките, службеничките во Собранието, како и вработените жени во кабинетот на претседателот.

Одлуката за избор на најповолна понуда од приватна здравствена установа од Скопје била донесена во март. Според податоците објавени од СДК, приватен мамографски преглед во земјава чини од 3.000 до 5.000 денари.

Ваквата одлука доаѓа во услови кога пациентките во јавниот здравствен систем со месеци се обидуваат да добијат термин за мамографија. Оттука се отвора и прашањето за разликата во пристапот до здравствените услуги – едни можат да го користат приватното здравство со средства обезбедени од институцијата, додека за останатите достапноста на прегледите зависи од слободните термини во јавниот систем.

Но, мамографијата за пратеничките не се единствениот пример.

Според информациите објавени од СДК.МК, сè повеќе државни институции и компании обезбедуваат дополнително приватно здравствено осигурување за своите вработени. Меѓу нив е и АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), каде што е спроведена набавка за дополнително приватно здравствено осигурување на вработените.

Договор за доброволно приватно здравствено осигурување има склучено и Државна видеолотарија, за период од две осигурителни години.

Приватно здравствено осигурување имаат и вработените во Народната банка, како и менаџментот и вработените во Развојната банка на Северна Македонија.

Во оваа група, според СДК, се и професорите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), за кои исто така е обезбедено приватно здравствено осигурување.

Станува збор за средства што во дел од случаите доаѓаат од државни институции и компании, односно од јавни средства, додека истовремено јавниот здравствен систем се соочува со проблеми со достапноста на прегледи и долгите листи на чекање.

Темата, затоа, не е само дали пратеничките треба да имаат обезбеден мамографски преглед, туку и зошто ваков пристап не е подеднакво достапен за сите граѓани. Доколку државните институции можат да обезбедат побрз пристап до приватно здравство за своите вработени, останува прашањето што се прави за граѓаните кои зависат исклучиво од јавниот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието плаќа мамографии за пратеничките на приватно,…

Пратеничките и дел од вработените во државните…

Левица го прифаќа предизвикот на Мицкоски за…

Левица прифаќа, подготвена е и повикува на…

Голем пожар од Србија се ближи кон…

Голем пожар што беснее на српска територија…

Крушевчанец приведен откако полицијата дома му нашла…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Зеленски против избори за време на војна:…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето…