Транспортерите излегуваат на протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје

t

Превозниците од Македонија на 31 август ќе одржат двочасовен протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје (од 12:00 до 14:00 часот), со учество на најмалку 20 возила и голем број возачи и сопственици на компании.
„31.08.2026 година протест пред седиштето на Делегација на Европската Унија во Скопје, со минимум 20 возила и присуство на голем број физички лица од сите градови на државата (сопственици, возачи и други вработени) – ваков протест ќе има во сите четири држави (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија) во временски период од 12:00 до 14:00 часот.

Овој протест е пред одржување на состанок во Брисел на Работната група кој треба да се одржи на 01.09.2026 година.
Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во Шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14.09.2026 година. За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во Јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена.

Во оваа фаза асоцијациите од четирите држави собираат согласност од превозниците за организација на протестот како предупредување на Европска Унија, која во изминатите седум месеци не покажа добра волја за надминување на проблемот иако во визната стратегија се признаа возачите како професионалци кои вршат дејност. Ќе се побара согласност од надлежните органи и дефинирање на стоки кои ќе се пропуштаат, а се од интерес на државата и целокупното население (нафта и нафтени деривати, јаглен, потребни орудија и препарати за општините и јавните претпријатија, муниција и др., информираат од Макам – транс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…