Ново решение за странските возачи – МВР откри како ќе се плаќаат казните
Сообраќајот на граничниот премин Табановце во моментов се одвива непречено и без подолги задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР појаснуваат дека возилата со странски регистарски таблички за кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути, колку што е потребно за регулирање на обврската.
Постапката е олеснета со новата веб-апликација „Безбеден град“, која МВР ја стави во функција на 20 август. Апликацијата во оваа фаза е наменета за странски државјани, сопственици и возачи на возила со странски регистарски ознаки, кои преку неа можат да ги проверат сообраќајните прекршоци и електронски да ги платат глобите.
При најавувањето, потребно е корисникот да ја скенира или фотографира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што ги користи во земјава.
На овој начин, странските возачи кои ќе бидат евидентирани дека направиле сообраќаен прекршок ќе можат навремено да се информираат за изречената глоба и да ја подмират обврската без дополнително задржување на граничните премини.
Од МВР најавуваат дека дигиталните услуги ќе продолжат да се унапредуваат, а во наредните фази се планира проширување на функционалностите на апликацијата и за други категории корисници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 57 годишен Охриѓанец му се превртело…
На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС…
Зеленски жестоко му возврати на Трамп: „Не…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати директна критика…
Фицо: Наскоро ќе точите скап американски дизел…
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше…
Шест полицајци ќе бидат суспендирани поради наводни…
Шест полициски службеници ќе се соочат со…
Во Пиринска Македонија одбележани Кресненското востание и…
Со положување венци и цвеќиња, пригодни говори…