СПМ до Јотова: „Македонија има своја историја, не е ничиј историски проект“

t

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во реакција.

-Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави. Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“, велат тие.

Додаваат дека наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење.

-И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат на сопствена борба, сопствена политичка волја и сопствено државотворно право. Европа не се гради со присвојување туѓа историја, туку со почитување на различностите. Тука почнува и тука завршува секој обид Македонија да се преобликува според туѓи историски и политички матрици. Македонија не е ничиј историски проект. Македонија има своја историја. Македонија е своја, велат тие.

Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави.

Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“.

Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење.

И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат на сопствена борба, сопствена политичка волја и сопствено државотворно право.

Европа не се гради со присвојување туѓа историја, туку со почитување на различностите.

Тука почнува и тука завршува секој обид Македонија да се преобликува според туѓи историски и политички матрици. Македонија не е ничиј историски проект. Македонија има своја историја. Македонија е своја“, велат од СПМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување на МКД.мк: Граѓаните се задоволни од…

Мнозинството од испитаниците се задоволни од квалитетот…

Итна безбедносна средба во Полска по информации…

Полските безбедносни служби одржаа итен состанок по…

Сопругата на Ѓоко Ристов: Од кога е…

По реакциите на јавноста, по неодамнешното сведочење…

Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на…

Што се однесува до отвореното прашање со…

(Фото) Слаб одѕив на настанот на СДСМ…

Настанот организиран од СДСМ во Прилеп се…