Николоски: Владата прави се што е во наша моќ да помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите дел од Шенген зоната

t

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери, преземаме активности за изнаоѓање решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната, истакна министерот за транспорт, Александар Николоски и потенцира дека Македонија наскоро ќе склучи нови договори со земји членки на Шенген зоната и на тој начин самостојно го решава проблемот.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Тоа веќе го правиме и веќе постигнавме договор со неколку земји, а во следниот период интензивно ќе работиме и на договор со други земји, Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени“, кажа министерот за транспорт.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија“, истакна Николоски.

Според него, на овој начин се опфаќаат земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортери, а Владата и Министерството продолжува со работа за изнаоѓање дополнителни решенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Владата прави се што е во…

Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…

Светските берзи најавуваат поскапување на храната

Глобалните цени на храната повторно бележат раст…

Мицкоски има две третини во Собранието, не…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека…

Одложено судењето за „Државна лотарија“

“ Главната расправа во судскиот процес за…

Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“:…

Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“…