(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари спасиле мало теле на Китка
Во борбата со големиот пожар што беснее над селото Палиград на планината Китка, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје спасиле и едно мало теле оставено на опожарениот терен.
Како што информира ЦУК, животното било пронајдено во метежот и огнот, исплашено и беспомошно, но пожарникарите успеале да го извлечат од опасната зона.
„Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден“, се наведува во информацијата.
Од ЦУК посочуваат дека пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето, туку и животните кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.
Оттаму упатуваат апел за максимална внимателност и одговорност при користењето оган, бидејќи последиците од пожарите, без разлика дали се предизвикани намерно или поради невнимание, ги погодуваат сите живи суштества.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…
Во борбата со големиот пожар што беснее…
(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…
Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…
Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…