Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани на социјалните мрежи
Повеќе од два часа главниот град е прекриен со чад, а мирис на изгорено се чувствува во повеќе делови од градот. Засега нема официјална информација од каде доаѓа чадот, ниту дали станува збор за некој пожар во близина.
Граѓани на социјалните мрежи од различни скопски општини, веќе реагираат и прашуваат што се случува и дали некој има информации за можен пожар, но засега нема потврдени податоци за изворот на чадот.
Од камерата поставена на врвот на Водно може да се забележи дека видливоста над Скопје е значително намалена.
Засега нема одговор од Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…