Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.
Тој беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово и претседател на Скијачката федерација на Македонија
Циговски со години беше главен управувач и сопственик на „Ресорт Маврово“, кој ги опфаќа Скијачкиот центар Маврово, како и познатите хотели „Бистра“, „Спорт“ и „Лодка“.
Во мај 2025 година, тој официјално го продаде својот сопственички удел од 80% на австралиски бизнисмен со македонско потекло, преку компанијата „Епинал Холдинг“.
Претходно, во март 2021 година, Циговски беше избран за претседател на СФМ на вонредно собрание свикано од дел од клубовите.
Неговиот избор помина низ превирања и оспорувања од страна на неколку матични скијачки клубови кои бараа поништување на процедурата