Објавено на:

Во делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи

t

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира дека во одредени делови од земјата има појава на град, пороен дожд и засилен ветер.

– Источно од Крушево има појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Северно од Велес има појава на пороен дожд и можна појава на суградица – посочуваат од УХМР.

УХМР информира дека до крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат.

Највисока температура во 15 часот денеска е измерена во Скопје, Петровец – 37 степени и на Зајчев Рид 36, 3 степени додека најниската била на Попова Шапка 21.

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…