Објавено на:

Летови од 19 евра и рачен багаж во цената: Нов нискобуџетен превозник доаѓа во Европа

t

Европскиот авионски пазар би можел да добие нов нискобуџетен превозник, кој најавува евтини летови од Шпанија кон повеќе европски градови. „Fly2Galicia“ планира да започне со работа на 1 декември 2026 година, со база на аеродромот во Сантијаго де Компостела.

Компанијата првично планира осум линии – кон Брисел, Минхен, Милано, Прага и Венеција, како и кон Гранада, Аликанте и Сарагоса. Предвидени се 17 летови неделно, а почетниот распоред треба да важи до октомври 2027 година.

Цените на билетите се најавуваат како една од главните предности. Еднонасочните летови кон шпанските дестинации би започнувале од 19 евра, додека билетите до Милано и Брисел од 39 евра. Летовите до Минхен, Прага и Венеција би започнувале од 49 евра.

Во цената би бил вклучен и рачниот багаж – еден личен предмет и едно парче багаж до осум килограми.

„Fly2Galicia“ нема да располага со сопствени авиони и нема да има сопствен сертификат за воздушен оператор. Летовите ќе ги изведува романската „FlyOne“, која ќе ги обезбедува авионите и екипажот, додека „Fly2Galicia“ ќе се занимава со продажбата, маркетингот, брендирањето и организацијата на линиите.

За почеток е планиран „Airbus A320“ со капацитет до 190 патници, а можно е во летото 2027 година флотата да биде проширена со уште еден авион.

Доколку плановите се реализираат, новиот превозник би донел дополнителна конкуренција на европскиот пазар, особено на линиите меѓу Шпанија и големите европски градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…

Пожарот кај Студеничани се шири – Во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…

Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…

Путин со нов указ: Државата ќе презема…

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со…

Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…