Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски санкции, имаме двегодишен план
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план за справување со проширените американски санкции, откако Вашингтон започна нова кампања за економски притисок врз Техеран, пренесува Си-ен-ен.
Иранскиот министер за економија Али Маданизадех изјави дека земјата е целосно подготвена за новите санкции и оцени дека и овој обид на Соединетите Американски Држави (САД) за економски притисок ќе заврши неуспешно.
„Владата е подготвена и има двегодишен план за справување со овие случувања. Ги имаме и сопствените алатки и знаеме како да ја играме оваа игра“,рече Маданизадех за иранската државна телевизија.
Според него, Техеран долго време се подготвувал за вакви мерки.
САД сакаат да ги прекинат финансиските врски со Иран
Американското Министерство за финансии ја најави операцијата „Економик ауткаст“, со која Вашингтон има цел дополнително да го изолира Иран од глобалниот финансиски систем.
„Нашата цел е да ја прекинеме секоја економска врска што го одржува овој режим, сè додека Техеран не остане сам“,изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.
Американското Министерство за финансии го прошири опфатот на санкциите и на дигиталните средства, технологијата, златото, воздухопловството и поморскиот транспорт. Санкции се воведени и против речиси 60 компании, лица и бродови поврзани со Иран.
Вашингтон истовремено им се заканува на државите, банките и компаниите кои ќе продолжат да соработуваат со Техеран.
Бесент не прецизираше рок за прекин на овие економски врски, но порача дека САД немаат бесконечно трпение и дека брзо ќе реагираат против оние кои продолжуваат да му помагаат на Иран.
Техеран смета на Кина и Русија
Иранскиот министер за економија изјави дека Кина и Русија не ги прифатиле новите американски мерки и изрази очекување дека и други земји ќе им се спротивстават на санкциите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…
Пожарот кај Студеничани се шири – Во…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…
Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…