Клековски: Се работи на решавање на дефектот на циклотронот на ПЕТ-скенот

t

Министерот за здравство Сашо Клековски во објава на социјалните мрежи потврди дека циклотронот на ПЕТ-скенот е во дефект, откако пред неколку дена соопшти дека е во функција. Тој им се извини на пациентите јавно и порача дека се работи на отстранување на дефектот.

„За способноста на УИ ПЕТ Деновиве има расправи за Универзитетски институт за позитронско емисиона томографија (УИ ПЕТ), за (не)работење и (не)способност.

Сегашниот дефект не е на ПЕТ/КТ скенерот, туку на циклотронот, каде се произведува радиофармацевтското средство (18F-FDG) потребно за прегледот — дефект кој е резултат на лошо сервисирање, а на чие решавање веќе се работи.

Се извинувам на пациентите за предизвиканите проблеми! Со почеток на работата приоритет имаат пациентите според насоките на клиниките за онкологија и хематологија!  Предизвиците со сервисот не можат да ја замаглат реалната состојба.

Во 2025 г. се направени 2.703 прегледи наспроти 2.183 во 2022 г. — тоа е 520 прегледи повеќе, односно раст од ~23,8%, и покрај тоа што има скоро двапати повеќе сервисни денови.

И покрај зголемениот број денови на прекин, бројот на прегледи на пациенти растеше — знак дека тимот успешно го надоместува изгубеното време и продолжува да ги опфаќа повеќе пациенти“, објави Клековски.

Минатата недела беше соопштено дека ПЕТ-скенот повторно работи. Дека пациентите ќе можат да закажуваат снимања. Дека ќе се снимаат по девет пациенти дневно. Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, апаратот работел точно еден ден, снимил околу десет пациенти и потоа повторно застанал.

„Само еден ден работеше ПЕТ-центарот и сега повторно е надвор од функција“, изјави Филипче на прес-конференција. Според него, единствениот ПЕТ во јавното здравство не функционира веќе два и пол месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…