Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил мито на сообраќаен полицаец
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсија државјанинот на Македонија – З.А.(43), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело поткуп.
Како што се наведува во соопштението на МВР на Србија, постои сомнение дека тој вчера им понудил паричен подарок на полициските службеници од Управата за сообраќајна полиција за да не му издадат прекршочен налог за сообраќајни прекршоци, откако ја пречекорил дозволената брзина управувајќи патничко моторно возило на автопат и се движел по левата лента иако десната лента била слободна за возење.На осомничениот му е одредена мерка задржување во траење до 48 часа и тој ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…