Објавено на:

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта: Дојдов во голем клуб

t

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на прес конференција во Бергамо официјално беше претставен како ново засилување во редовите на италијанскиот прволигаш Аталанта.

„Не морав двапати да размислувам кога се појави оваа можност бидејќи Аталанта е врвен клуб и го докажа тоа низ годините, вклучително и со освојувањето на Лигата на Европа“, рече Елмас на промоцијата, која дојде два дена по неговото официјално деби во дресот на Аталанта.

Клубот од Бергамо во неделата ја почна новата сезона во Серија А со победа на домашен терен над Сасуоло од 2-1 во натпревар во кој Елмас влезе од клупата за резервни играчи во 81 минута.

„Се надевам дека ќе се снајдам добро и ќе ја вратам довербата на клубот во мене. Играв на многу различни улоги во текот на мојата кариера, па можам да работам на неколку позиции и да се адаптирам каде што е потребно. Важно е секогаш да бидам подготвен и да дадам сè за тимот“, додаде Елмас, кој дојде во Аталанта како позајмен фудбалер од германски Лајпциг.

Аталанта е третиот италијански клуб во кариерата на Елмас, кој настапуваше и за Торино, како и Наполи со кој во 2023 ја освои и титулата во Калчолигата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елмас вреди колку сите Бугари заедно! (ФОТО)

Полека, но сигурно се загрева атмосферата во…