Објавено на:

Златото се искачи на 4.700 долари, растат и среброто, платината и бакарот

t

Цените на металите на светските берзи денеска главно бележат раст, при што поскапуваат и благородните и индустриските метали. Најголемо внимание привлекува златото, чија цена достигна 4.698,64 долари, што претставува дневен раст од 4,14 долари, односно 0,09 проценти.

Во текот на тргувањето златото достигна максимум од 4.730,90 долари, додека најниската регистрирана цена изнесуваше 4.687,40 долари. Раст бележи и среброто, чија цена се зголеми за 0,51 процент, достигнувајќи 69,03 долари. Во текот на денот се тргуваше во распон од 68,253 до 69,750 долари.

Кај останатите благородни метали, платината поскапе за 0,43 проценти, на 1.875,10 долари, додека паладиумот забележа раст од 0,54 проценти и достигна 1.343,50 долари.

Раст и кај индустриските метали

Позитивно движење има и на пазарот на индустриски метали. Бакарот поскапе за 0,60 проценти и се тргува по 6,7518 долари, а во текот на денот достигна максимум од 6,7660 долари. Уште поголем раст бележи алуминиумот, чија цена се зголеми за 0,78 проценти, достигнувајќи 3.243,50 долари.

Во позитивна територија се и цинкот, со раст од 0,14 проценти и цена од 3.892,75 долари, како и оловото, кое поскапе за 0,06 проценти, на 1.905,85 долари.

Движењата на пазарот на метали доаѓаат во период на зголемено внимание кон благородните метали, додека инвеститорите истовремено ги следат движењата на доларот, каматните стапки и очекувањата за глобалната економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Златото се искачи на 4.700 долари, растат…

Цените на металите на светските берзи денеска…

Исланд повторно пред вратите на ЕУ: Брисел…

Исланд овој викенд ќе се изјаснува за…

Израелски пратеник со токмак сруши палестински споменик

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот,…

Три активни пожари и четири под контрола,…

На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Денес сончево и топло до 37 степени,…

Денес времето ќе биде сончево и топло,…