БИРН: Над 90 отсто од приватните базени во Скопско се изградени без законски документи
Во време на долги топлотни бранови, континентални суши и сè поголем притисок врз водните ресурси поради климатските промени, стотици приватни базени во Скопје и во околината се полнат без да се води сметка дали водоводниот систем може да го издржи нивното користење. Освен тоа, најголемиот дел од нив, над 90 отсто, се изградени без законски потребните документи што треба да се обезбедат од општините, покажува новата анализа на БИРН.
Иако процедурата е речиси формалност – само треба да се поднесе барање со придружна документација и да се добие решение, податоците што ги добиле од БИРН покажуваат дека многу ретко некој го правел тоа.
Тоа значи дека секој што има простор во дворот и десетина илјади евра на располагање, може да најми изведувачи што ќе ископаат дупка, ќе постават опрема и ќе создадат објект што ќе собира вода колку месечните потреби на две до три домаќинства.
Во Скопје и околината има околу 400 приватни базени, а ниту десет отсто од нив не се направени со решенија издадени од локалните власти. Тоа го покажуваат податоците до кои дошле од БИРН преку барања за пристап до информации од јавен карактер и преку преглед на сателитските снимки од скопскиот регион.
Според Законот за градење, базените за индивидуална употреба на ниво на терен спаѓаат во објекти за кои не е потребно одобрение за градење, заедно со уште триесетина категории, како гаражи, патеки, натстрешници, дворни камини и друго.
Сепак, тоа не значи дека се градат без никаква процедура. Сопствениците до општините треба да достават извод од урбанистички план каде што се гледа објектот во чија функција ќе биде базенот, геодетски елаборат, основен проект со фазите архитектура, водовод и канализација и електрика, како и согласност од непосреден сосед ако е предвидено базенот да се прави на помалку од еден и пол метри до соседниот двор. Решението се издава ако сите документи се уредни.
Целата анализа може да се прочита тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…
Во време на долги топлотни бранови, континентални…
Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…
Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…
Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…
Прскање против комарци во пет општини во…
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…