Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска

t

Министерството за здравство денеска ја промовираше новата веб-страница на која има податоци за состојбата со западнонилска треска.

На http://www.healthalert.mk/ граѓаните ќе можат да се информираат за ризичните подрачја и преземените активности.

„Со цел да обезбедиме навремено и максимално транспарентно информирање на јавноста за западнонилската треска, подготвивме нова веб страница која на едно место ги обединува сите податоци. Овде се комбинираат податоци во врска со епидемиолошката состојба, ризичните подрачја и преземените активности. Оваа мапа е благодарение на општествената одговорност на ГДИ – ГИС ДАТА, работена изминативе неколку дена, рече министерот за здравство Сашо Клековски.

На веб-страницата прикажана е мапа со бројот на случаи со западнонилска треска, а во долниот агол стои кога е направено последното ажурирање. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ветеринарство

„Имаме 34 лоцирани потенцијални легла на комарци. Број на засегнати општини е девет. Општините се прикажани со различна боја во зависност од концентрацијата на случаи. Имаме листа на потенцијални легла на комарци со детален преглед. Даден е преглед на сите активности: на кој ден, каде е прскано, со што е прскано и кој прскал. Случаите на заразени се гео-лоцирани по населени места, за да се зачува анонимноста на пациентите, но помага да се бара корелација меѓу бројот на заразени и жариштата. Интерактивната мапа нуди интеграција на податоци од сите релевантни институции со јасно назначување на времето на ажурирање, посочи Клековски.

Инаку, во Македонија регистрирани се 53 лица кои имале, имаат или се суспектни на вирусот Западен нил. До денес, починале петмина заболени од западно нилска треска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска

Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…

Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…

Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…

Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…

Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…

Гранати од Првата светска војна пронајдени при…

Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…