Костадинов: СДСМ да предложи да се намалат платите на функционерите и тие пари да им се дадат на земјоделците за пиперката

t

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка.

-Како опозиција, сосем е легитимно да се критикува, но сметам дека е политички коректно и одговорно кон граѓаните истовремено да се нудат и конкретни решенија, особено кога станува збор за маката на нашите земјоделци.

Мојата СДСМ има одлична можност да го симне бремето кое неоправдано и беше наметнато за зголемувањето на функционерските плати од 75%.

Можеби сега е вистинско време да се предложи законско намалување на овие плати за истиот тој процент.

​Со враќањето на функционерските плати а во државата мислам дека ги имаме над 2.000, на старото ниво, годишно во буџетот би требало да се генерираат над 20 милиони евра заштеда.

Тоа би и дало повеќе од доволно простор на Владата директно да ја поддржи реколтата и да ги субвенционира земјоделците за да постигнат достојна цена од најмалку 30 денари за килограм пиперка, напиша Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…