Објавено на:

Приватен остров со Наполеонова тврдина во Венеција се нуди на продажба

t

Приватниот остров Креван, во северниот дел на Венеција, се нуди на продажба заедно со тврдина од времето на Наполеон, две пристаништа и околу 5.700 квадратни метри земјиште. Островот се наоѓа на неколку минути едрење од островите Бурано и Торчело.

Имотот располага со тревници, високи дрвја, украсни растенија и овоштарник, како и мал внатрешен канал и неколку патеки што водат до пристаништата. Најзначајната градба е тврдината, со површина од 215 квадратни метри. Инаку, првата тврдина е изградена во 1806 година, за време на владеењето на Наполеон, како дел од мрежата утврдувања за одбрана на овој италијански град. Подоцна, под австриска власт, била проширена, а по анексијата на Венето кон Кралството Италија во 1866 година, станала сопственост на италијанската држава и останала во воена употреба до периодот по Првата светска војна.

Островот подоцна станал приватен, а тврдината била претворена во живеалиште. Реновирањето почна во 1996 година, имајќи го предвид зачувувањето на оригиналната структура. Тврдината денес има четири главни соби и две бањи, како и системи за вода, електрична енергија, греење и климатизација.

На островот има и дополнителни соби, како и стражарски простор, а урбанистичките прописи дозволуваат тие да бидат поврзани со станбената зона. Цената не е јавно објавена, а имотот моментно се нуди на приватниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приватен остров со Наполеонова тврдина во Венеција…

Приватниот остров Креван, во северниот дел на…

Венеција заработи над пет милиони евра од…

Пробниот период за наплата за влез во…

Грета Тунберг казнета и привремено протерана од…

Шведската активистка Грета Тунберг доби забрана за…

Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…

Како што најавуваат градските власти на Венеција,…

Средба на министрите за правда од Г7…

Министрите за правда од Групата седум индустриски…