Најмалку 165 загинати во разорни поплави во Непал и Тибет, околу илјада луѓе се водат како исчезнати
Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а уште три во Тибет, откако масивни поројни поплави во пограничниот регион меѓу Непал и Кина во средата зафатија повеќе населени места, објавија кинеските државни медиуми.
Според првичните информации, до 1.000 луѓе во Непал и Тибет сè уште се водат како исчезнати.
Во Тибет, одроните предизвикале смрт на три лица, додека 558 се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има и околу 260 странски државјани. Двајца жители биле спасени, објавија кинеските агенции Xinhua и CCTV.
Снимките направени со дрон во Непал покажуваат целосно уништени патишта и објекти затрупани од огромни количества вода и кал.
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг соопшти дека најмалку 34 Австралијанци, кои биле на аџилак и планинарски тури, се водат како исчезнати.
Во меѓувреме, малезиското Министерство за надворешни работи соопшти дека 55 Малезијци во Катманду не можат да бидат контактирани поради сериозните инфраструктурни оштетувања. Засега нема официјална потврда дека се повредени или загинати.
Првично, Американскиот геолошки институт (USGS) извести за земјотрес со магнитуда од 4,4 во близина на границата. Подоцна анализата беше коригирана и беше утврдено дека станува збор за леден одрон со магнитуда 5,2, кој предизвикал огромен бран од отпад и вода.
Експерти од Меѓународниот центар за интегриран планински развој во Катманду сметаат дека најверојатно лавина од глечер го предизвикала поројниот бран.
Според нив, нивото на водата во реката Тришули на едно место се зголемило за дури девет метри за само половина час.
Експертот за намалување на ризикот од катастрофи Сасвата Сањал изјави дека реката Лхенде Кхола, притока на Бхотекоши, се излеала по вторпат во последните 14 месеци, овојпат поради одрон на мраз и карпи од глечер кој ја блокирал реката, а потоа предизвикал ненадеен и разорен бран низводно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…
Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…