Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера во односите меѓу двете земји.
По презентацијата на работата на деминерите на проектите за чистење од неексплодирани убојни средства, во Иновациско-едукативниот парк на Центарот за разминирање на Србија во Велика Моштаница, Вучиќ изјави дека Србија и САД „не можат да ја променат минатото, но можат да влијаат врз иднината“.
„И по сите тешки години, и 1999 и 2008 година, пред нас е време на воспоставување нова ера во односите меѓу САД и Србија. Мислам дека тоа е многу важно и многу добро и дека со оптимизам можеме да гледаме на развојот на тие односи“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека притоа не мисли само на соработката во областа на разминирањето и на позицијата на КФОР на Косово, туку на сите важни прашања.
„За првпат ми се чини дека во септември би можеле да ја завршиме целата приказна околу Нафтената индустрија на Србија. Без одредено разбирање од американската страна, тешко дека би можеле да го држиме тоа под контрола без поголеми последици“, наведе Вучиќ.
Тој укажа на големото значење на неодамна започнатиот стратешки дијалог со САД, кој го опиша како „пресвртница и голема и важна работа“ за Србија.
Претходно, вршителот на работите во американската амбасада во Белград, Александар Титоло, изјави дека САД ќе обезбедат дополнителни 5,1 милиони долари за поддршка на понатамошното уништување на заостанатото вооружување во Србија, со што вкупната помош во таа област ќе надмине 34 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…