Мицкоски: Нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на Кос не се однесуваше на Македонија
Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување на земјите кандидати кон ЕУ, сега за сега. Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме се да бидеме најдобри на тој план како и досега, вели премиерот Христијан Мицкоски.
– Нема нови критериуми кога станува збор за пристапување кон ЕУ на земјите кандидати, сега за сега. Ќе видиме што ќе се случува понатаму. Има неколку предизвици коишто се пред нас не само како држава, туку и на самата Европска Унија. Изјавата на еврокомесарката е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Имаме апсолутно целосна доверба во рамките на Европската Унија, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на Договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод Македонија – Србија.
Тој додаде дека Владата работи на реформската агенда, на исполнување на реформите.
– Во декемврискиот извештај бевме најдобри, очекувам истото да биде и во јунскиот извештај. Продолжуваме во таа насока и во периодот што следи. Тоа што е наша обврска надвор од билатералните услови, ние ќе си го испорачаме и ќе бидеме најдобри. И сме најдобри. Така што продолжуваме во тој правец, рече македонскиот премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нема нови критериуми за пристапување во…
Нема нови критериуми кога станува збор за…
ЕУ таксата за мали пакети предизвика пад…
Воведувањето такса на Европската унија за мали…
Притвор за прилепчанецот кој ја силувал малолетната…
Основниот суд во Прилеп определи 30-дневен притвор…
Четири лица меѓу кои и малолетничка уапсени…
Четири лица се лишени од слобода во…
Македонската СНС се прости од Ратко Младиќ
Македонската СНС на социјалните мрежи се прости…