Непал и Кина предупредуваат на нови поплави, речиси 1.000 лица се водат како исчезнати
Непал и Кина предупредија на можност од нови поплави на Хималаите, откако две езера формирани од двете страни на границата се зголемуваат и се закануваат да се излеат. Предупредувањето доаѓа додека регионот сè уште се справува со последиците од катастрофалните поплави во кои загинаа најмалку 362 лица.
Потрагата по исчезнатите и спасувачките операции продолжуваат во долините и на падините покриени со урнатини. Речиси 1.000 лица и натаму се водат како исчезнати по поплавите што ги погодија пограничните области на Непал и кинескиот Тибет.
Двете земји наведоа дека поплавите биле предизвикани од уривање на глечер, при што карпи, мраз, кал и други остатоци биле турнати во планинските речни текови.
Непалската управа за управување со катастрофи денеска предупреди дека езеро формирано откако урнатините го блокирале речниот тек продолжува да расте, поради што постои опасност од негово излевање. Властите ги повикаа жителите во пониските делови, патниците и спасувачите да бидат особено внимателни и да се оддалечат од речните корита и ризичните подрачја.
Од своја страна, Кина предупреди дека во следните три дена околу три милиони кубни метри вода би можеле да се влеат во езеро на нејзината страна од границата, што создава висок ризик од негово пробивање. Се очекува најголемиот проток да биде околу 1 септември.
Кинеските власти дополнително предупредија дека временската прогноза за следната недела може да ја зголеми опасноста. „Количината на вода продолжува да расте, како и ризикот“, изјави истражувачот Жу Џинфенг од одделот за хидрологија при кинеското Министерство за водни ресурси.
По предупредувањата, дел од спасувачите во Непал почнаа да се повлекуваат кон повисоките места. Спасувачот Паван Коирала, кој со својот тим од 13 лица се оддалечил од речниот тек, изјави дека нивната цел е да продолжат со спасувачките активности, но без да се изложуваат на дополнителна опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Непал и Кина предупредуваат на нови поплави,…
Непал и Кина предупредија на можност од…
Гори на девет места низ Македонија, два…
На ден 27.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Се степале двајца кумановци на 75 и…
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во…
Смртно избодел ученичка во училиште во Германија,…
Во приватно училиште во близина на Берлин…
АВМУ по соопштението на МАА и МРТ:…
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…