Генералниот секретар на ОН изрази солидарност со жртвите на Ратко Младиќ
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денес изрази поддршка за жртвите на злосторствата извршени од поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој почина денес додека отслужуваше доживотна казна затвор во затвор во Хаг.
„Изразувам солидарност со жртвите, преживеаните и нивните семејства кои страдаа од злосторствата за кои Младиќ беше прогласен за виновен“, изјави портпаролот на шефот на ОН во соопштението.
Механизмот на ОН за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) ја потврди смртта на Ратко Младиќ попладнево, најавувајќи дека ќе се спроведе истрага како што е предвидено во вакви случаи.
По долгогодишна судска постапка, Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични трибунали (ММКТ) во јуни 2021 година ги отфрли сите основи за жалба од одбраната на Младиќ против првостепената пресуда.
Така, Младиќ стана правно виновен за геноцид во областа на Сребреница во 1995 година и за прогон, истребување, убиства, депортации, нехумани дела, тероризирање, нелегални напади врз цивили и земање заложници, пренесе „Хина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…