Сериозен удар за ФИФА: УЕФА разгледува кривична пријава против Инфантино
Европската фудбалска унија (УЕФА) разгледува можност за поднесување кривична пријава против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, пред швајцарските судови поради сомневања за можна финансиска злоупотреба поврзана со план вреден 4,2 милијарди долари.
УЕФА веќе презела правни чекори во САД, барајќи од судовите во Њујорк и Флорида да овозможат прибирање докази што би можеле да бидат важни за случајот околу сега пропаднатиот план на ФИФА. Европската фудбалска организација поднела документација пред судот во Менхетен со барање да се обезбедат докази од њујоршкиот инвестициски фонд Thrive Capital Management, чиј основач е милијардерот Џошуа Кушнер.
Во исто време, УЕФА побарала од судот во Јужна Флорида одобрение за прибирање докази во рамките на постапката поврзана со ФИФА, чија деловна операција во САД е сместена во Корал Гејблс, во близина на Мајами.
Во центарот на спорот е план според кој Thrive Capital требало да биде еден од главните инвеститори во проект вреден 4,2 милијарди долари. Идејата била приватни инвеститори да добијат 20 отсто удел во комерцијалната подружница на ФИФА, која управува со комерцијалните права и настани на светската фудбалска организација, вклучително и Светското првенство.
Инфантино на 1 август се откажал од планот по силното противење од дел од раководството на светскиот фудбал, меѓу кои и УЕФА.
Адвокатите на УЕФА во документ од 56 страници наведуваат дека организацијата разгледува покренување кривична постапка во Швајцарија против Инфантино, а можно е и против други функционери на ФИФА, поради сомневања за кривично управување. Во документот се повикуваат на член 158 од швајцарскиот Кривичен законик и особено ја доведуваат во прашање проценетата вредност на трансакцијата.
Според тврдењата на УЕФА, вредноста од 4,2 милијарди долари можела да биде „измамнички утврдена“ и да не одговара на пазарната вредност на имотот, при што се наведува дека Инфантино го промовирал аранжманот за лична корист.
Адвокатите на УЕФА исто така тврдат дека, според условите што ги претставил Инфантино, инвеститорите би добиле траен финансиски интерес во комерцијалниот огранок на ФИФА, додека целата компанија би била проценета на околу 20 милијарди долари.
УЕФА посочува дека таа проценка не била резултат на отворено и конкурентно наддавање, ниту била направена од независен проценител. Организацијата дополнително тврди дека таквиот аранжман би можел да му овозможи на Инфантино и на „мал круг луѓе“ да стекнат траен интерес во едно од највредните средства на ФИФА, што, според УЕФА, би било на штета на светската фудбалска организација, нејзините членки и другите засегнати страни.
УЕФА уште на 3 август јавно ја предупредила ФИФА да не уништува, крие или менува материјали што би можеле да бидат релевантни за евентуална правна постапка.
Сегашните постапки пред американските судови имаат цел да обезбедат документација и други можни докази што би можеле да се користат во евентуална постапка во Швајцарија. Доколку УЕФА навистина поднесе кривична пријава, тоа би претставувало сериозен удар врз односите меѓу двете најмоќни фудбалски организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сериозен удар за ФИФА: УЕФА разгледува кривична…
Европската фудбалска унија (УЕФА) разгледува можност за…
Почина Питер Кален, гласот на Оптимус Прајм…
На 85-годишна возраст нѐ напушти легендарниот Питер…
Трамп ја затвори вратата за Иран: Не…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Тошковски за случајот со издавање фалсификувани возачки…
Секој за кој ќе се најде каков…
Со возилото удриле во паркиран камион: Детали…
Тројца македонски државјани загинаа, а уште двајца…