Седум активни пожари и три под контрола: До 13 часот горело на вкупно 11 места
На ден 28.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 3 се под контрола, а 1 е изгаснат.
Активни пожари – 7:
Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација);
Општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат);
Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрва);
Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума);
Општина Прилеп: над Касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација);
Општина Прилеп: кај Старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација);
Општина Охрид: с. Велмеј – с. Брежани (ѓубре и ниска вегетација).
Пожари под контрола – 3:
Општина Делчево: депонија (ѓубре);
Општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица (Општина Зелениково) (мешана шума);
Општина Пласница: с. Дворци (депонија).
Изгаснат пожар – 1:
Општина Струмица: с. Банско (дива депонија).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седум активни пожари и три под контрола:…
На ден 28.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Македонија веќе има еден дата центар во…
Премиерот Христијан Мицкоски најави изградба на национален…
Мицкоски: За две години има нови 17…
Владата, во изминатите две години, почнувајќи од…
(Видео) Ангелов: За празникот се очекува поголема…
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов апелираше максимално…
Грчки медиуми: Грчки Ф-16 пресретнале турски дрон…
Два грчки воени авион Ф-16 утрово пресретнале…