Објавено на:

Шведска испраќа борбени авиони и воени бродови во Финска

t

Шведска ќе распореди борбени авиони „Грипен“ и воен брод во Финска за следење и заштита на нејзината територија до крајот на 2026 година, објавија денес финските вооружени сили.

„Шведската опрема особено го зајакнува надзорот на воздушниот простор, ослободувајќи ги ресурсите на финските одбранбени сили за одговор на можни територијални нарушувања и инциденти“, се вели во соопштението на финската војска, објави Ројтерс.

Иницијативата следеше по барањето на Финска до Шведска за помош во следењето на нејзината територија.
Финска дели граница од 1.340 километри со Русија.

Финска и Шведска, две нови членки на НАТО, веќе имаат тесна билатерална одбранбена соработка, вклучително и заеднички воени вежби и координација на воздушни и поморски операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска испраќа борбени авиони и воени бродови…

Шведска ќе распореди борбени авиони „Грипен“ и…

ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери…

ДУИ алармира дека скандалот во Психијатриската болница…

Финансиската полиција истражувала: Запрена постапката за промена…

Управата за финансиска полиција отвори предмет и…

Нови шпекулации: Русија можеби се подготвува за…

Украински политички аналитичар тврди дека Русија можеби…

Трамп се самопрогласи за претседател „број 1“…

Шефот на САД Доналд Трамп објави ранг-листа…